БРИШАЛКИ ЗА ПРЕД ВЛЕЗ - ОТИРАЧИ - DOOR MATS - PASTRUESE KËPUCË - ΕΠΑΓΓΕΛΜΑΤΙΚΟ ΧΑΛΑΚΙ ΠΟΡΤΑΣ                     
ОСНОВЕН ПРОГРАМ
SAVAL Sp е основен модел со најширока примена,речиси на сите места,со висок степен на ефикасност. Со превртување од другата страна се добива идентична нова бришалка (двострана употреба). Во основа се применува кај индустриски објекти, касарни, складови и друго или како бришалка за I зона(прва бришалка), каде не се очекува користење од чевли со женски штикли.Височина 25мм
SAVAL SpEx е модел со попријатна структура за газење, или површина преку која без никакви проблеми поминуваат и женски штикли.Неговата примена е засебна или во комбинација со сите останати модели.Преставува луксузен модел и применлив е речиси пред сите:јавни и културни објекти,болници, ресторани, хотели, бутици, трговски центри, аеродроми, музеи, галерии, аптеки, канцелари, домови и каде не. Има еднаква двострана употреба како предходниот. Оди како I или II зона. Височина 25мм
SAVAL SpDx преставува модел кој по својата конструкција преставува компромис мегу двата предходни модела (можност за аплицирање на различна бришачка површина гумени траки, текстил,четки и др.).Тој нема двострана употреба но има можност за лесно репарирање и обновување на исполната која е поставена во алуминиумски профили флексибилно поврзани, со што се постигнува речиси идентична употребливост како предходните. Овој модел е применлив во внатрешност или кога има “ длабока настрешница“ или како бришалка во II зона после Sp или SpEx. Истиот дозволува “игра“ со бои на исполната.Можно е според исполната да оди како I, II, или III зона . Височина од 21-25 мм
SAVAL SpTx е бришалка со 100% текстилна структура аплицирана на посебна гумена подлога за непропуштање на вода и не пролизгување. Наменета е за собирање на ситен прав и доотстранување на вода и снег. Најчество се применува како II или III зона на заштита или како самостална ако е во внатрешноста на некој трговски центар. Се испорачува во стандарна големини 900х600,1500х900 и 2000х1300мм. За посебни прилики може да се испорачаат во форма на патеки со должина до 20 метри а максимална широчина од 2метри на чии краеви се аплицира посебна гумени коси рампи.. Во основа оди како II или III зона или после сите останати. Височината е 9 мм.
SAVAL SpLx е бришалка која по својата конструкција е применлива за одстранување на поголем процент на сува нечистотија (снег,прав,земја,лисја и др.). Може да биде дизјанирања со различен степен на комбинација на гума, текстил и четки во зависност од она што се очекува да биде одстрането на местото на нејзино поставување. Оди исклучиво како I зона. 25 мм
SAVAL SpMx преставува модел кои во се е идентичен како SpDx освен што конструктивните алуминиумски профили се единечни за разлика од SpDx каде се двојни. Предности кои можат да се констатираат се помал радиус на намотување (роловање) , двапати повеке простор за прифакање пропагање) на нечистотијата низ каналите кои ги одвојуваат ламелите. Оди како II или III зона или самостојно ако е подлабоко во некој покриен простор (трговски центри-аеродроми и др.). Височина од 21-25 мм.
SAVAL SpSx е бришалка по конструкција и квалитет скоро идентична како SpDx освен што е со помала височина и наменета за поставување како II или III зона а аплицирана најчесто директно во плочки.Според типот на исполната може да добие крајна височоина од 12-16мм . Во секој случај наменета е за помал очекуван проток на луге одошто кај SpDx
SAVAL SpRx е бришалка која со својата конструкција преставува најмокна во одстранување на цврста нечистотија и снег и е применлива онаму каде не се очекува да се поминува со женски штикли или хендикепирани (магацини, фабрички хали, војни објекти,гранични караули и др.)Височината е 25 мм.
SAVAL SpDezo e бришалка за чевли за строго наменети прилики.Тие според ХАСАП стандардите се незаобиколни и обврзателни . Истата има строга применливост кај објектите кај кој треба да се изврши заштита на внатрешноста (дезинфекција). Истите можат да бидат изработени за вградување во под или над под во рамка со коси страни. Во неа според потребите и средството кое е дозволено за употреба се става исполна која е потопена во истото.Височина 25мм.
SAVAL SpNs е нов производ - заштитна бришалка-патека изработена од висококвалитетен ПВЦ материјал ( DIN 51097 – DIN 5113) од -10 до +70 C кои може да се испорачува во различита ширичина во ролна со должина од мак.10 метра, или да се скрои според местото за поставување. Се применува секаде каде се сака да се обезбеди сигурно газење (базени, бањи, сауни, јахти, влезови-патеки пред јавни објекти, подлоги за работници во фабрики,автосалони, балкони и др.). Едноставни за одржување и во во многу бои и височина од 11 – 14,5 мм. Примена како бришалка од I или II зона. Види (БАЗЕНСКИ, ЗАШТИТИТНИ, СИГУРНОСНИ)

 © SAVAL 2018 

Developed by WebSolution
Посети: