БРИШАЛКИ ЗА ПРЕД ВЛЕЗ - ОТИРАЧИ - DOOR MATS - PASTRUESE KËPUCË - ΕΠΑΓΓΕΛΜΑΤΙΚΟ ΧΑΛΑΚΙ ΠΟΡΤΑΣ                     
SAVAL бришалки за чевли за секој влез

Во текстот подоле, ке се обидеме да дадеме подетално излагање по однос на главните карактеристики-предности што ги нудат новите типови на бришалки за чевли во однос на сите останати и на кој начин истите можат да бидат вградени кај новопроектираните објекти или кај веке изградените, или оние кои се реновираат.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • новото решение за одстранување и одложување на одстранетиот песок и нечистотија од чевлите просторот под нив т.н. “container”
  • овозможува истите да не се разнесуваат во внатрешноста или изнесуваат од просторот со феноменот струење (измена на топол и ладен воздух )
  • голем прифат на нечистотија под нив 8-11 кгр на 1 м2.
  • нивна долговечност овозможена со нивната двострана употребливост или променливост на вметнатите исполни во алуминиумските ламели кај одредени модели.
  • ефикасни и економични со речиси никакви трошоци за одржување
  • заштита на големи финансиски средства за елиминарање на трошоци за полирање на мермер,замена на подна облога, средства за чистење, упропастување на скапа електронска опрема осетлива на прав, намалено боледување и ред други ..
  • вградени најквалитетни и еколошки признаени материјали (алуминиум, гума, ПВЦ, полиестерски и полиетиленски платна, најлонски четки и др.)
  • лесни за одржување (еднаш месечно или на шест месеци) со намотување-роловање се вадат, мијат и се собира нечистотијата од под него (види повеќе)
  • нивна заменливост (еден со друг модел) ,
  • можност од репарирање (види повеќе)
  • како и ред други особености

НАЧИН НА НИВНО ВГРАДУВАЊЕ

КАЈ НОВОПРОЕКТИРАНИ ОБЕКТИ

Доволно е во архитектонското-ентериерно решение да се одредат - дефинираат нај истурените влезно – излезни (нападни точки) на предме-тниот објект на подните површини каде би требало да бидат позицио-нирани бришалките според неколку принципи:
  • карактерот на самиот објект ,јавна установа, производствен објект, деловен објект, спорска хала, здравствена установа или било кој друг објект
  • очекуван проток на луге за период од 24 часа (аеродроми, станици, болници и др.) или должината на работно време (една или повеке смени)
  • дали се предвидени настрешници, предпростории, ветробрани пасажи или др.
  • правци на движење, во една линија или “кршење“ (види повеќе)
  • ескалатори и нивна одалеченост од влезовите
  • типот на подната облога (павер,гранит,керамика,полиран мермер, ламинат, паркет или др. ).
  • техничка изводливост за поставување на вградлива алуминиумска рамка во под со крајна длабочина од 25мм (да се има во предвид длабочината заради евентуално подно греење)
  • големината на просторот на кој може да се планира поставувањето на бришалите во I, II или III зони на бришење, 3 модела на бришалки кој го надополнуваат својот ефект на бришење до невероватни 100% (види скица 3 зони)
  • големината и типот на влезните врати ,крилни, лизгачки, едно или двокрилни како и правецот на отварање (на надвор/на внатре)
  • големината на плочките кои се поставуваат заради евентуално искористување на покриеност фуга со рамка
  • самото естетското решение според архитектонската замисла или во однос на целиот објект

Сето напред наведено укажува на фактот дека сегментот бришалки треба да биде и те како сериозен дел од севкупната проектна задача.

Оттука САВАЛ дооел Скопје, со својот стручен тим, во целост се става на услуга на проектантите уште во фаза на предпроекти и идејни решенија со свои гледања, а во фаза на изведување и со предиза-јнирање на самите влезни партии за најцелисходно вградување на бриашлките.

КАЈ ВЕКЕ ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ИЛИ ПРИ РЕНОВИРАЊЕ

Овде ситуацијата е сепак нешто по сложена но никако и не решлива.
Поточно, во сите веке изградени објекти можно е вградување на новиот тип на бришалки во колку студиозно се пристапи кон дефинирање на местата -секако со наша помош и асистенција. (види повеќе)

Истото се чини со земање во предвид на некои од основни параметри скоро идентични како кај ново проектираните (настрешница, тип на врата, правец на отварање на вратите, подната облога и друго).

Исто така се проценува дали е возможно вградување на бришалките во под со спуштање на постоечкото ниво - прошлицување на минимум длабочина од 25мм или ке се оди на варијантата поставување на бришалка во надворешна - површинска алуминиумска рамка со коси страни.

Сметаме дека изнесенето ке го побуди вашиот интерес за новиот тип бришалки за кое нешто во директен контакт ке бидат договорени и сите останати детали мегу кои и комерцијалните. На Ваш повик ке ви доставиме мостри од бришалките .

Го очекуваме Вашето јавување,

 © SAVAL 2018 

Developed by WebSolution
Посети: