БРИШАЛКИ ЗА ПРЕД ВЛЕЗ - ОТИРАЧИ - DOOR MATS - PASTRUESE KËPUCË - ΕΠΑΓΓΕΛΜΑΤΙΚΟ ΧΑΛΑΚΙ ΠΟΡΤΑΣ                     
ЗА КОМПАНИЈАТА

САВАЛ дооел, трговија, производство, финансиски аранжмани и инженеринг, по својот производствен програм претставува специализирана компанија за производство на високо ефикасни бришалки за чевли со посебно конструктивно и функционално решение по систем container, со највисок процент на задржување на нечистотија надвор од местото кое се заштитува, како и друг не помалку значаен асортиман на производи и инсталации заради безбеден влез и излез од објектите (безбедносни и противлизгачки траки и профили за на скалила за безбедно качување и симнување по истите).

Во 2003 година, побуденa од “празнината“ во покривањето на еден мошне важен сегмент во градежништвото (заштита на внатрешноста на објектите од внесување на нечистотија од секаков тип преку обувките на посетителите) , пристапи кон усвојување и производство на бришалки за чевли, во прво време на три основни модела, кои денес во различни подваријанти во зависност од потребите прераснаa во повеке од 20. Истите се поставуваат во I,II или III зони со што се постигнува максимален ефект на одстранување на нечистотија, дури до 100%. Читај повеќе

Во програмата се повеке модела мегу кои како најзначајни ги издвојуваме:
Sp (класик), SpEx (екстра), SpDx (делукс), SpTx(текстил), SpLx (лукс), SpMx (моно), SpSx (слим), SpRx (рапид), SpDezo (дезобариери) и SpNs (PVC) како и многу други изведени како под варијанти од предходните а за задоволување на одредени специфични барања на нашите клиенти. Сите се изработени од најквалитетни и еколшки признаени материјали (елоксиран алуминиум ,гума, текстил, четки и др.).

Оттука на барање на секој наш клиент (краен корисник, архитект, надзор или друг), наши стучни луге како и неговите оспособени кооперанти можат најкомпетентно и најпрофесионално да се стават на услуга за изготвување на најоптимално и во естетски смисла најсоодветно решение (без ралика на димензиите) а се во зависност од карактерот на секој објект пооделно.Со еден збор, нудиме решение по принципот од “идеа до реализација”.

 © SAVAL 2018 

Developed by WebSolution
Посети: